ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на повеќе локации во градот

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека хортикултурно е уреден кружниот тек помеѓу „Булевар Туристичка“ и ул„Бистрица“ каде се засадени зимзелени грмушки и цветен расад.

Екипи на претпријатието активно се вклучени во завршните зафати околу уредувањето на пешачката патека кон Горица каде се поставуваат клупи. Темелно е расчистен и искосен „Паркот на пријателство“, лоциран на пешачката патека кон Горица.

Неделава со косење и метење се опфатени селата: Лескоец, Косел и Велгошти, а наредната недела ќе бидат опфатени Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Подмоље.

Екипите на „Јавна хигиена“ утре ќе спроведат акција за расчистување на комплексот„ Св.Наум“ по завршувањето на празнувањето на големиот верски празник, каде ќе бидат ангажирани 15 комунални работници.