Успешно отстранет дефектот на улицата „Кленоец“

Дефектот кој настана на улицата „Кленоец“, наспроти новата Автобуска станица, вчера во текот на вечерните часови беше успешно отстрантет од страна на екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид.

Се вршеше поправка на водоводна линија ф315мм од полиетиленски материјал до главната шиберна шахта, при што се изврши целосна реконструкција на водоводната линија во должина од 5 метри. Водата беше пуштена во водоснабдителниот систем во 21:00 часот, а  комплетната санација со враќање во првобитна состојба на теренот траеше до 23:00 часот.