СДСМ: Меѓународна резолуција за поддршка на СДСМ

Изјава, Младински работен семинар
Стефан Богоев, претседател на СДММ
Охрид, 04.07.2015 год.

И оваа година, традиционално, се одржува младинскиот летен семинар во Охрид, во организација на Социјалдемократската младина на Македонија, заедно со “Прогрес – Институтот за социјална демократија” и со поддршка на холандската фондација “Макс Ван Дер Штул”.

И оваа година имаме бројни обуки со предавачи, кои имаат за цел да ги обучат младите за понатамошно политичко делување во рамки на младината и партијата, а на наше огромно задоволство поради политичката ситуација на овој летен семинар имаме поддршка и од меѓународните организации во кои членуваме.

Така, денес со нас е и Евин Инчир, генерален секретар на Меѓународната унија на социјалистичката младина, како и Нина Живановиќ, генерален секретар на Млади Европски Социјалисти.

Денеска усвоивме и резолуција за поддршка на СДММ, за поддршка на СДСМ и за поддршка на опозицијата и граѓанскиот сектор во Република Македонија. Уште еднаш покажавме и докажавме дека на светот му е јасно дека во Македонија владее авторитарен режим, нешто што е недозволиво да се случи во срцето на Европа, на Балканот.

На сите им е јасно што се случува и на сите им е јасно дека ова повеќе не е битка помеѓу власта и опозицијата, туку ова е битка на сите слободоумни граѓани против неколкумина во ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска финишира младинскиот семинар. Во вечерните часови, сите учесници имаме сериозна политичка дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на тема: Како понатаму и што ќе се случува по падот на Никола Груевски.

Одговор на новинарско прашање

Mедиуми: Што содржи резолуцијата, подетално?

Богоев: Резолуцијата ги содржи сите барања на опозицијата во преговорите. Како и сите недостатоци и недоследности од владеењето на Никола Груевски, потврдени во извештајот на Прибе, во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, во извештаите на Европската комисија.

Изјава, Младински семинар
Евин Инчир, генерален секретар на Меѓународната унија на социјалистичка младина (IUSY)
Охрид, 04.07.2015 год.

 Прво сакам да нагласам дека ние како Меѓународна унија на социјалистичката младина (IUSY) сме многу среќни што сме тука да изразиме солидарност за Социјалдемократската младина на Македонија, како наша членка.

За жал, ние сме тука во ситуација на криза заради кршењето на човековите права, на демократијата, кршењето на фундаменталните права на граѓаните на Македонија.

Но ние сме тука да покажеме наша солидарност и да покажеме дека граѓаните на Република Македонија, нашите пријатели од СДММ, не се оставени сами на себе.

Без разлика, каде и да сме низ светот, ние сме дел од вашата борба. Ние ја истакнуваме битката што вие ја водите, во нашите земји, на европско и меѓународно ниво.

Важно е за нас да бидеме тука, од различни причини и перспективи.

Прво, како што напоменав, за да изразиме солидарност. Но без разлика, каде и да се случува, секоја криза влијае и на другите делови од светот.

За нас е исто важно да бидеме тука, во време на угнетување на авторитарниот режим, да покажеме дека тука има алтернатива и ние нема да дозволиме, независно, каде и да сме, луѓето да живеат во вакви околности.

Ние сме тука да покажеме дека сме дел од вашата борба за слобода, демократија и еднаквост.

Се надеваме дека ќе продолжат нашите контакти со нашите другари од СДММ и дека следниот пат кога ќе имаме заеднички настан, луѓето во Република Македонија нема повеќе да живеат во репресија, туку во слобода и демократија.

Изјава, Младински семинар
Нина Живановиќ, генерален секретар на Млади Европски Социјалисти
Охрид, 04.07.2015 год.

Наша задача како социјалдемократи е да бидеме тука. Но пред се, не да ги учиме нашите другари и другарки од Македонија како тоа се прави (како да се бориш за слобода и демократија), тие многу добро знаат, туку да ги прашаме што е тоа што ние може да го направиме додека сме тука, но исто така кога ќе одиме и во нашите земји.

Бевме тука кога беше организиран и големиот протест во Скопје, да изразиме солидарност и поддршка. За нас е многу важно да знаеме дека во Македонија постојат луѓе, кои се спремни `се друго да стават на страна и приоритет да им биде борбата за демократија.

За жал, во Македонија се случија многу работи. Затоа оваа борба е многу потешка, отколку што беше на почетокот од владеењето на Груевски.

Одлично е што младите луѓе покажуваат дека не е важно што оваа битка е тешка, што имаат огромни препреки. Покажуваат огромна храброст и упорност дека нема да застанат додека не ги остварат целите.

Она што е важно е да пратиме порака дека ние сме тука и ќе направиме се што е потребно и во смисла на поддршка, идеи и ќе ја рашириме пораката.

Извор: www.sdsm.org.mk