Завршени 64 проценти од автопатот Демир Капија-Смоквица

Од изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, дел од Коридорот 10, досега се завршени 64 проценти. Најголем напредок од 97 проценти има кај изградбата на подпатниците, реализацијата на изградбата на тунелите е 80,86 проценти, изградбата на шесте моста е завршена со 62,55 проценти, а кај петте надпатници градежните работи се завршени со 44 проценти.

Градежните работи на оваа делница долга 28,18 километри се очекува да заврши во 2016 година, а денеска како се одвиваат градежните работи увид изврши премиерот Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисалјовски.

На трасата повеќе од половина или 57,41 отсто се завршени и градежните активности за земјитени работи, тампон, асфалт и слично.

Договорената вредност на проектот е 210.148.177.23 евра. На целата делница ќе има два тунели, шест мостови, пет надпатници и седум подпатници. Изведувач на работите е грчки Актор.

Премиерот Никола Груевски во рамки посетата во овој регион ја продолжува со увид во градежните работи на изградбата на спортската сала во село Миравци, присуство на пуштање во употреба на фабрика за текстил – Дока текстил во село Миравци и посета на реконструираниот објект на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.