Груевски на увид во изградба на автопатот Кичево-Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес извршија увид во градежните работи за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Во моментов градежните активности се насочени кон бетонирање на тунелите. Според информациите од Мисајловски досега 45 проценти од работата за тунелите се завршени.

повеќе...

Владата продолжува со инвестициите во автопатските делници на Коридорот 10

Во 2017 година Македонија добива нова комплетно модернизирана автопатска делница на целиот потег на Коридорот 10. Најфреквентниот автопат во земјата кој го користат во најголем обем и граѓаните и стопанските субјекти се очекува да биде комплетно модернизиран. Дел од подделниците на автопатот се веќе изградени или пак реконструирани, дел се во фаза на реконструкција, а дел се во полн ек на изградба. Автопатската делница Демир Капија-Смоквица, е во полна фаза на градба. Таа е во должина од 28,2 со инвестициона вредност од 210 милиони евра. Пред неколку години државата го…

повеќе...

Мисајловски: Ќе се рехабилитира автопатот Неготино-Демир Капија, инвестиција 8 милиони евра

Со инвестиција од осум милиони евра ќе се рехабилитира автопатот Неготино-Демир Капија. Тендерот е објавен и трае до 29 март годинава, а се очекува да почне со градба ова лето. Ова го најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета во Демир Капија, кој рече дека со ова се почнува со целосна рехабилитација на најлошиот дел од автопатот на Коридорот 10. „Како Министерство инвестираме во многу комунални ингфраструктурни проекти. Пред извесно време го распишавме тендерот за рехабилитација на автопатот од Неготино до Демир Капија. Станува збор…

повеќе...

Несовесни дрвари кутнаа дрво на сред автопат

Денес нешто по 14 часот, на автопатот Охрид-Струга, несовесни дрвосечачи кутнаа дрво кое падна на самиот автопат и го блокираше сообраќајот во двата правци. Прекинот траеше неколку минути, додека дрвосечачите ги кастреа гранките и го расчистуваа автопатот. WebOhrid

повеќе...

Краток прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека – с. Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 12:30 – 14:30 часот.

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (понеделник) поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14.30-16.30 часот.

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид (планински превој Пресека – с.Врбјани), помеѓу 14:00 и 16:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, поради изведување работи на пат (минирање) .

повеќе...

Одложено минирањето на патот Охрид – Кичево

Според информацијата од Македонија пат, добиена од АД Илинден, планираните активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид (планински премин Пресека – с.Врбјани) кои беа закажани за денес, се одложуваат. Утре прекин на сообраќајот кај преминот Пресека – Врбјани

повеќе...

Утре прекин на сообраќајот кај преминот Пресека – Врбјани

Од АМСМ информираат дека на патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање) утре помеѓу 13.00 ч и 15.00 часот сообраќајот ќе бидe во прекин во интервали од 15 – 20 минути.

повеќе...

Груевски: Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта вредни 276 милиони евра

Проектот за експресните патишта се одвива одлично. На дел од патиштата во тек се градежни активности, а за оние што не се почнати, подготовките се во завршна фаза, изјави во Дојран премиерот Никола Груевски, одговарајки на новинарско прашање. Тој најави дека следниот месец започнува темелната реконструкција на патот Гевгелија – Смоквица во должина од 10,5 километри за кој ќе бидат инвестирани седум милиони евра, а кон ноември – декември се очекува да почне и градбата на експресниот пат Градско – Прилеп со четири ленти, како и на патот од Ранковце…

повеќе...