СВР Битола поднесе кривична пријава против К.И.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „посредување во вршење проституција“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
На 4-ти јуни во семејниот дом во Битола, при расправија со неговата сопруга, пријавениот физички ја нападнал при што и нанел тешки телесни повреди. Исто така, во периодот од јануари до јуни 2015 година пријавениот за паричен надомест од 500-1000 денари посредувал во вршење на проституција на неговата сопруга, а воедно и овозможувал да користи наркотични дроги и психотропни супстанции.