Проштална средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Република Србија во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковник Жељко Симиќ, Одбранбено аташе на Република Србија во Република Македонија.

На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Симиќ за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продолжувањето на одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Војската на Србија, која се развива на повеќе полиња.

Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за запознавање на НГШ на АРМ со новото Одбранбено аташе на Република Србија во Република Македонија, потполковник Јован Кованџиќ кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.