Усвоени измените на Законот за туристичка дејност предложени од пратениците Николоски и Василевски, со кои се регулира дејноста на кајчарите

Како резултат на интензивните контакти со граѓаните, како и координацијата со локалнатасамоуправа, Министерството за економија и Пазарниот инспекторат, се дојде до зaклучок дека еден од најпрепознатливите белези на Охридското езеро како и на останатите две природни езера во Македонија, водениот превоз од мал обем со чамци тн. кајчиња не е соодветно законски регулиран. Заради ова оние кои вршат превоз се соочуваат со сериозни проблеми при вршењето на таа дејност. Со цел да се надмине оваа состојба, а и да се задржи и унапреди оваа туристичка понуда пратениците Александар Николоски и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посредува во решавањето на проблемот на охридските кајчари

На денешната средба со претставници на охридските кајчари , градоначалникот Никола Бакрачески рече дека е запознат со проблемите околу нивниот статус и вети дека ќе посредува кај надлежните државни институции, за брзо и трајно решавање на проблемот. На средбата, на која присуствуваа и претставници на Секторот за туризам и локален економски развој и подрачната единица на пазарниот инспекторат, беше соопштено дека веднаш ќе се испрати барање до Секторот за туризам при Министерството за економија за покренување постапка за дополнување на Законот за туристичка дејност. Средбата со охридските кајчари што се…

повеќе...