Мешани полициско-родителски патроли, утревечер ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид. Заедно со родителите кои доброволно се пријавија да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе бидат и претставници на локалната самоуправа, претседатели на урбани заедници, претставници од основните и средните школи, од училишните одбори, од советот на родители од образовните институции, заинтересирани граѓани и медиуми.
Тоа е можност родителите да видат каде младите се забавуваат, какви се условите каде што децата се забавуваат, кои се угостителските места кои најчесто се посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на проблематични состојби и во најдиректен разговор со угостителите и полициските службеници да добијат изворни информации каков е амбиенот во локалот, што е карактеристочно за тој локал, кои се проблемите со кои и локалите и младите се соочуваат.
Целта на проектот „Мешани патроли“ е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне општествената свест за нивно одговорно однесување и почитување на законската регулатива.