Уште еден пораз на Македонија од Естонија

По вчерашниот, македонската репрезентација претрпе уште пораз од Естонија, во денешниот втор натпревар од Групата А во Европската одбојкарска лига.

Првите два сетови Естонија ги доби со идентични 25:21. Домашните беа поборбени, помотивирани и порасположени за игра.

Во вториот сет, Естонија водеше се до самиот крај, но со голема борбеност Македонија успеа да го добие сетот со резултат 27:29.

Четвртиот сет, како и првите два го доби Естонија со 25:21, за на крајот да забележи победа од 3:1 во сетови.

Во Групата А, Македонија моментално е на дното без бодови, зад Полска, Австрија, Естонија, Израел и Данска.

WebOhrid