Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски на 13-ти јули (понеделник) ќе оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за европски и евроазиски прашања.
За време на средбата предвидено е да се разговара за досегашниот успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави втемелени во Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и за взаемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување во сите области од заеднички интерес.
Истовремено, се очекува да се потврди стратегиската определеност на нашата држава за членство во НАТО и Европската унија, а воедно ќе се пренесе и благодарноста за американската поддршка за македонскиот интегративен процес, како и за препознавањето на исполнувањети на стандардите за членство во НАТО на Република Македонија.