Германска поддршка за реконструкција на детското игралиште кај каналот „Студенчишта“

Со потпишување на договор за финансирање помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески , амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија Н.Е. Кристине Алтхаузер и директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска”, Розе Костеска денеска во просториите на германската амбасада во Скопје, се официјализира почетокот на проектот за обнова и реконструкцијата на детското игралиште кај каналот„ Студенчишта“.

Според договореното за реализација на проектот Германската амбасада и доделува гранд на општина Охрид во вредност од 485,259.00 денари или 7 909 евра. Од овие средства 425,259.00 денари ќе бидат наменети за набавка и инсталацијата на нови играчки за деца а 60 000 денари ќе бидат наменети за обнова на заштитната ограда .

Во моментов општина Охрид ја подготвува тендерската документација за градежните активности кои се однесуваат на реконструкција на игралиштето.

Detsko_igraliste_kanal_4851

Вкупната вредност на проектот се проценува на 707,711.00 денари .

Игралиштето кај каналот „Студенчишта“ е изградено во 2005 година со донација на ТЕЛЕКОМ и од тогаш не е обновено.

Изминатиов период општина Охрид во континуитет со свои проекти аплицира и добива финансиска поддршка од амбасади во државава. Со германска поддршка се реконструираа каптажите во село Куратица а австралиски донации доби и Центарот за згрижување на деца со посебни потреби „Зраци“. Со странска помош опремени се простории во охридските училишта и реализирани се други проекти.

Detsko_igraliste_kanal_4852