Вардар „преживеа“ на Кипар, победникот ќе се знае во Скопје

Македонскиот фудбалски шампион Вардар се враќа без пораз од Кипар, односно со резултат 0:0.

Во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампиони Вардар денес играше во гости против кипарскиот шампион АПОЕЛ.

По завршувањето на 90-те минути Вардар успеа да не прими гол и без пораз да се врати од Никозија. Понатамошниот учесник во следното коло од Лигата на шампиони ќе биде познат по повратниот дуел кој ќе се игра за седум дена (на 21 јули) во Скопје со почеток во 20:00 часот.

WebOhrid