Охридскиот Црвен крст продолжува со реализација на оригами работилници

Во рамките на едукативните програми за поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид продолжува со реализација на оригами работилници овој пат на отворено, покрај брегот на Охридското езеро-на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“).

На овие работилници предводени од Наташа Алексиќ – инструктор за оригами, младите ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини и да изработуваат најразлични фигури и предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства за поддршка на хуманитарните активности на Црвен крст Охрид.

„Ги покануваме родителите да ги донесат своите деца да учествуваат на оригами работилниците со што ќе ја поттикнат нивната креативност и хуманост, но и ќе уживаат во прекрасниот природен амбиент, чистата вода и многубројните спортски реквизити на вода.“–  велат од Црвениот крст.

Работилниците се одржуваат на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“) секој викенд од 12-18 ч.

OrigamiDecaPlaza02