Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 3.8% на годишно ниво.
Во мај 2015, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.9%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.5%.
Во мај 2015, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4.6%.