Нуркачите ги шират своите крилја за скокови директно од карпите

Четири натпреварувања, четири победи – Тоа е беспрекорниот рекорд на Гери Хант на средина од сезоната во 2015 година. „Брилијантниот Британец“ постојано го подигаше нивото на своите скокови, нивната сложеност и тежина, што му овозможи да стигне до нови височини. Следното натпреварување кое треба да се одржи на архипелагот од кои се сочинети Азорските Острови, не претставува само враќање на овој спорт кон својата најчиста форма со скокови директно од карпите, од 27 метри височина, туку воедно е и локација каде што 31-годишниот Хант не успеа да се пласира во финалето на минатогодишното натпреварување. Дали тешките услови за натпреварување и овој пат ќе му попречат на Британецот кој е гладен за нови успеси или ке претставуваат отворена шанса за неговите најголеми ривали? Колумбиецот Орландо Дуке е негов најголем противник, но исто така и сонародникот на Хант, Блејк Олдриџ, кој е сопственик на скокот со најголем коефициент на тежина, се надеваат дека повторно ќе изборат едно од местата на подиумот. Лани тука победи Американецот Стивен ЛоБуе, но сигурно е дека оваа година ќе има нови лица меѓу победниците. Имено, паралелно со скоковите во машка конкуренција, за прв пат и девојките ке скокаат од карпите на уникатниот вулкански архипелаг, а актуелнта шампионка Рејчел Симпсон, ќе се обиде да ја продолжи својата победничка серија.

„Ја сакам оваа позиција во која што се наоѓам. Тренирав напорно за ова, тоа моја страст и нема да се смени. На останатите можеби им се чини дека не можат да ме сопрат, но лани во натпреварувањето на Азорските Острови не успеав да влезам во финалето. За мене тоа е како да имам незавршена работа на овој настан,“- објасни Гери Хант откако победи на претходното натпреварување организирано од покривот на зградата на операта во Копенхаген, Данска.

Неговите скокачи перформанси демонстрирани во досегашниот дел од сезоната, личат дека се непобедливи, но опуштениот карактер личи дека е уште едно негово тајно оружје. Преостанатите девет скокачи не успеаа да најдат решение за неговата доминација, но Колумбиецот Орландо Дуке би требало да биде првиот предизвикувач доколку Хант покаже и најмала нервоза при скоковите од карпите. Уште повеќе, Блејк Олдриџ кој досега се нема искачено на подиумот во натпреварувањата одржани тука, иако сега има потешки скокови на својот репертоар. Искуството и менталната сила ќе бидат пресудни во натпреварувањето каде што спортистите се нурнуваат во водата со брзина од 85 километри на час по скоковите од три пати поголема височина отколку во регуларните натпреварувања на Олимписките Игри.

Надворешниот ѕид на вулканскиот кратер лоциран на островчето Вила Франка до Кампо на брегот од Сао Мигуел, ќе биде појдовната точка за првото женско натпреварување на скокови од карпи. Ова е втора година како се организира светското првенство во конкуренција на девојки, при што освен шампионката Рејчел Симпсон и нејзината сонародничка Џинџер Ли Хубер, како и Мексиканката Адријана Хименез и Германката Ана Бадер, ќе добијат шанса да ја покажат својата скокачка грациозност од карпите и платформата.

По четири натпреварувачи со „вајлд карта“ ќе учствуваат како во машка, така и во женска конкуренција, при што Колумбиецот Мигуел Гарсија и Мексиканецот Серхио Газман за прв пат ќе се појават на Азорските Острови. Судиската комисија е составена од 5 оценувачи на скокови, чиј претседател е Италијанецот Клаудио де Миро и ќе ги оценуваат изведбите на скоковите кои траат по три секунди.

„Враќање кон корените“ е мотото на вториот дел од сезоната. Чистикрвните скокови од карпи, кои го претставуваат надворешниот ѕид на кратерот на речиси перфектниот вулкански остров, претставуваат идеална шанса да се ужива во овој спорт во кој се истакнува вештината и подготвеноста на спортистите кои ги шират своите крилја пред да полетаат, како што правеле пионерите пред 250 години на Хаваите. Само за најтешките скокови спортистите ќе ја користат платформата што е поставена над океанот.

Островчето Вила Франка до Кампо е именувано според малото село што е спроти копното лоцирано околу еден километар подалеку од брегот, а подигнато е по колапсот на вулканот што некогаш постоел тука. Ова островче било користено и од страна на војските кои во минатото правеле свои тврдини, а го користеле и како винска градина, но од 1983 година тоа е класифицирано како природен резерват. На 18 јули таканаречениот таканаречениот „Прстен На Принцезата“ ке се користи за натпревар на 22 најдобри скокачи од денешницата.

Табела по четири натпревари (мажи): 1. Гери Хант (Велика Британија) 800 поени, 2. Орландо Дуке (Колумбија) 550 поени, 3. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 520 поени, 4. Дејвид Колтури (САД) 400 поени, 5. Џонатан Паредес (Мексико) 289 поени.

Табела по еден натпревар (жени): 1. Рејчел Симпсон (САД) 200 поени, 2. Лизен Ричард (Канада) 160 поени, 3. Џинџер Ли Хубер (САД) 130 поени, 4. Ана Бадер (Германија) 110 поени.

P-20150716-00269_News