13-то издание на Пиво-Фест во Прилеп

Фестивалската атмосфера, веќе неколку дена се подгрева со оптимизам и амбиции, да се срушат сите рекорди. Прилепчани, со неповторливиот оптимизам, спремни се да се соочат со големата балканска фешта под Маркови кули.

„Ќе бидеме гостопримливи би требало да имаме многу гости како и секоја година и пак да го урниме рекордот, посочија прилепчани.“

На првиот ден на фестивалот на пивото настапија Слаткаристика, Љубојна, Саша Ковачевиќ , DJ Slave, DJ Meto S, DJ Martin Antenna 5 и DJ Sinisa.

Синоќа Прилепчани ги пречекаја Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште, каде дури и се случи мал инцидент на пејачот од групата Прљаво казалиште, кога заради невнимание падна од бината, но за среќа сето тоа се заврши без посериозни повреди и пејачот продолжи со својот настап.

Вечерва настапуваат Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, додека пак утре ќе настапат  Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.

Инаку годинава прилепскиот фестивал на скарата и пивото го сруши рекордот на посетители. Над 10 000 граѓани пристигнаа во Прилеп на отворањето,а прилепчани се во очекување дека во нареднте два дена ќе ги срушат сите рекорди на посетеност кои беа поставени минатата година.