Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид, Дебрца и Струга дека на ден 22.07.2015 год. (среда) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци.
Авионска адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот.
На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Даљан.
На територијата на општина Дебрца ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска, како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
На територијата на општина Струга ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мислешево, Мороишта и Драслајца, како и на потегот од Подмоље по магистралниот пат кон Ќафасан и Охридското Езеро се до село Калишта.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231.