Македонскиот фудбалски шампион Вардар иако без пораз од АПОЕЛ, сепак се збогува од овогодишното учество во Лигата на шампиони. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје во рамките од втората рунда од квалификациите за Лигата на шампиони, Вардар одигра 1:1 против АПОЕЛ, но благодарение на правилото гол во гости екипата на АПОЕЛ оди во понатамошната фаза од натпреварувањето.
Во сосема неизвесно прво полувреме, Вардар успеа да се држи рамо до рамо со АПОЕЛ. На полувреме се замина со резултат 0:0, а исто темпо се задржа и на почетокот од второто полувреме. По една грешка на одбраната на Вардар, Де Винченти успеа да го совлада Пачовски во 60 минута и го отвори резултатот на овој натпревар. Во продолжение Вардар ги изврши сите измени, а во судиското надополнување (90+4) преку Љамчевски успеа да изедначи на 1:1. За жал, остана многу малку време за Вардар да направи нешто повеќе. Последните 2 минути од продолжението беа премалку за Вардар да дојде до позиција за уште еден гол, па на крајот мораше да се помири со конечниот резултат 1:1, резултат со кој Вардар остана непоразен во годинешното европско натпреварување.
WebOhrid