Марјан Србиновски е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Марјан Србиновски ја доби довербата да биде Селектор на сениорската репрезентација на Македонија, по разговорот со Заре Марковски Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација.

Прв асистент на селекторот на двете последни ЕП, Србиновски и како кошаркар учесник на Континенталниот собир, ја потврдува определбата на Федерацијата да го искористи сопствениот потенцијал.