Од денес се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7:00 часот наутро до 17:00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја).
Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.
Во периодот од 17:00 часот попладне до 7:00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).
Ова ограничување не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на престваник од ЈП „Македонсдки шуми“ или Националните паркови.
За не почитување на одредбите од ова забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја за терминот од 7:00 часот наутро до 17:00 часот попладне ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска против вредност, согласно член 106 од Законот за шумите.
Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонсдки шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“, „Пелистер“ и „Галичица“; ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.
Исто така се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата сочласно член 23 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13 и 33/15), и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.
За не почитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.