Спасовски со камперите во Маврово и Ростуше: Успехот е достижен

Во реканскиот крај, во организација на Општинската организација на СДСМ Маврово и Ростуше и присуство на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски се реализира еднодневна средба и дружење со граѓаните кои 60 дена кампуваа пред Владата на Р.Македонија.

Целта е дружење и продолжување на стекнатите пријателства како и симболична благодарност за луѓето кои со свето неуморно присуство пред Владата под секакви временски и други околности, помогнаа да се сврти вниманието на домашната и меѓународната јавност со каков режим има проблем Република Македонија.

Оливер со камперите2

Генералниот секретар Спасовски во име на претседателот Заев и со свое име изрази почит на камперите за нивната истрајност што резултираше со договор за остака на Никола Груевски и преодна влада.

„Вашата упорност и истрајност да се постигне решение за кризата и оставка од Груевски помогна при преговорите. Бевте ветар во грбот и до сега и за понатаму, за партијата, но најважно за држава, затоа што се покажа дека кога сме единствени и одлучни, целта е достижна. Но битката не е завршена, ова е само дел од неа. Најголемата битка е нормализација на Македонија и враќање на демократските процеси во државата. Со посветена реализација на зацртаните политики и вклучување на секој од нас, успехот е достижен“, рече генералниот секретар Спасовски.

Оливер со камперите4 (1)

По прошетката кај Ростушки мост и Елен скок и посетата на водопадот Дуф, следува посета на Бигорски манастир во 14 часот.

На денешното дружење добредојдени се сите граѓани кои ќе имаат можност да останат во импровизираниот камп и по предвидената дневна агенда, којашто завршува со заеднички ручек покрај реката Радика во 15 часот.

Оливер со камперите5 (2)