Пораз за младинките на Македонија од Германија на ракометното ЕП во Шпанија

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години синоќа претрпе пораз од Германија од 31-21 во вториот меч од Европското Првенство кое се игра во Шпанија.

По цврста и изедначена борба во текот на првото полувреме, Германија успеа на полувреме да замине со резултат 12:11.

Во второто полувреме Германија беше далеку подобар противник, покажа одлична игра и сосема заслужено направи недостижна разлика за конечен резултат од 31:21.

Следниот натпревар ќе се игра утре во 21:00 часот, каде младинките на Македонија ќе играат против младинките на Русија.

WebOhrid