Света архиерејска литургија за празникот „Собор на свети архангел Гаврил“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 26-ти јули недела (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети архангел Гаврил“, со почеток во 8:30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.