Денес, во осмата Недела по Педесетница, Неделата на светите отци, и на празникот Собор на св. архангел Гаврил и преподобната Сара Египетска, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Димче Азески, старешина на храмот, се обрати кон верниот народ со пригодно слово.