Уште четири дена до затворање на конкурсот за најдобар расказ

На 31-ви јули годинава се затвора конкурсот за најдобар расказ што по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ го распишува општина Охрид.

Наградата за најдобар расказ се доделува за еден расказ, таа изнесува 30.000 денари и ќе биде врачена на културната манифестација која по традиција се одржува на 13-ти август.

Жири комисијата треба да ги објави резултатите најдоцна до 8-ми август годинава.

Повеќе…