Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “послужување во службата“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Д.Л. (52) од Центар Жупа.
На седми овој месец, пријавениот-вработен како техничар за техничко инвестиционо одржување во јавното претпријатие „Македонија пат“, за потребите на физичко лице неовластено овозможил превоз на седум просторни метри огревни дрва од Дебар за скопското село Орман.
Истиот ден, пријавениот усмено му наредил на возачот во јавното претпријатие да го земе товарното возило марка “Нисан“ и од дебарската месност „Врабич“ да натовари седум просторни метри огревни дрва а потоа, за потребите на лицето Л.Т. да ги превезе до скопското село Орман.
Пријавениот, како службено лице свесно и со умисла неовластено овозможил службеното товарно моторно возило „Нисан“ да се послужи за превоз на огревни дрва за потреби на физичко лице од скопското село Орман.
При контрола, полициските службеници го затекнаа товарното моторно возило „Нисан“ сопственост на јавното претпријатие „Македонија пат“ при нелегален транспорт на огревното дрво.