Премиерот Груевски во работна посета на Австрија и Германија

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Република Австрија и Сојузна Република Германија.

Во рамки на посетата на Австрија, попладне во Виена, премиерот Груевски ќе има средба со австрискиот канцелар Вернер Фајман.

Во Виена и Минхен ќе се одржат бизнис форуми со цел привлекување странски инвестиции, на кои премиерот Груевски ќе има обраќање пред австриските и германските бизнисмени. Овие форуми се во соработка со реномираната групација Фајненшл Тајмс, која учествува во организирањето на настаните со цел привлекување странски инвеститори.

Првиот ваков бизнис форум беше во Лондон, по што следеше во Париз, двата во декември минатата година.

За време на престојот во Виена и Минхен предвидени се и посети на болници и компании. Во македонската делегација се и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.