СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ч.(19) од с. Брждани-кичевско и против 16 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ од кои две во обид, а против Б.Ч. и за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Во периодот од април до 4-ти јули годинава, на различни локации во Охрид пријавените со употреба на погоден алат извршиле тешки кражби во шест куќи и три станови со што е причиниле материјална штета од околу 160.000 денари. Прво пријавениот искористувајќи ја возраста на второ пријавениот од користољубие го наведувал во вршење на кривичните дела.