Утре концерт на камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија

Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и фестивалот „Охридско лето“ по повод одбележувањето на македонското претседавање со Централно европската иницијатива (ЦЕИ), во четврток (30.7.2015 година) со почеток во 21 часот во црквата „Света.Софија“ во Охрид, организира концерт на камерениот оркестар на Музичка Младина на Македонија.

На концертот, во рамки на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ камерниот оркестар ќе настапи под диригентската палка на Елена Митревска, а ќе бидат изведени дела од: Eдуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.

Централно-европската иницијатива е една од значајните регионални мултилатерални инцијативи формирана пред 26 години. Организацијата обединува 18 држави од Средна и Југоисточна Европа меѓу кои и Република Македонија. Земјите членки на ЦЕИ меѓусебе соработуваат на различни теми од взаемен интерес како на политички така и на економски план. Република Македонија и официјално стана претседавач со оваа реномирана организација во јануари годинава во период од една година.