Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 106.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 9.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13.8%.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 5.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4% и Капитални производи за 33.3%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 16.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на периодот јануари- јуни 2014 година, изнесува 100.8.