Димовски побара реставрација на Велешкото кале и мостот во Богомила

На денешната седница неменета за пставување на пратенички прашања координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски го отвори прашањето за стариот мост во населеното место Богомила, кој што претставува споменик на културата од 1953 година и е од големо културно значење за Република Македонија.

Тој нагласи дека ова е единствениот мост во Богомила кој што се користи за редовен транспорт на луѓе и стока. Поради фрекфентноста над овој мост од тешки товарни и моторни возила постои опаснот овој мост да биде значително оштетен и истиот да предизвика штета од културно значење, но и загуба за граѓаните од ова населено место и околијата.

Исто така, Димовски постави прашање до Министерството за култура и наука околу археолошкиот локалитет Велешко кале, кое што значаен локалитет за велешкиот регион кој досега открил доста значајни археолошки пронајдоци кои се од големо историско значење на овој регион но и за Република Македонија.

Димовски побара од Министерството за култура и наука да размисли за инвестиции околу овој локалитет како инфраструктурно поврзување со градот, продолжување со археолошките ископувања и други активности кои би придонеле за туристичка промоција на овој локалитет.

Заменик Министерот за култура Драган Недељковиќ ја поздрави иницијативата од страна на пратеникот Димовски и нагласи дека со наредниот план за 2016 година кој што преку годишна програма ќе биде распишан во месец септември, локалната самоуправа да конкурира со проектите за мостот во Богомила и Велешкото кале.

Заменик министерот исто посочи дека после дополнителните анализи се надева дека ќе се изврши реставрација и конзервација за двата проекти .