По втор пат Илинденска вечер во Елшани

По повод верско-националниот празник Илинден, утре во Елшани по втор пат ќе се одржи културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“.

Годинава ќе настапат битолската музичка група „Мелос бенд“, младиот шармантен Христијан Стојоски, Културно уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид, како и фолк пејачката, Елена Јовческа од Прилеп.

Почетокот на манифестацијата е од 20 часот, а посетителите ќе можат да се забавауваат се до раните утрински часови.

„Повелете на добра празнична забава. За многу години празникот Илинден“! – велат елшанци.

WebOhrid