Пронајден давеник во водите од Охридското Езеро

Безживотно машко тело, синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Горица1“. Телото е пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“.

По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека се работи за лицето Гоце И.(46) од кратовското село Живалево.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а медицинска екипа констатирала смрт од срцев удар.