Зголемен интензитетот на сообраќај на сите патишта

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информираат од АМСМ.