Како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште, како и превоз на дете до две години на предното седиште, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење.
Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во собраниска процедура како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште, како и превоз на дете до две години на предното седиште, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, објави Правдико.
Со тоа се врши усогласување со Директивата на Советот од 16 декември 1991 за приближување на законодавството на земјите-членки за задолжителна употреба на сигурносни појаси во возила со тежина помалку од 3,5 тони (91/671/EEЗ) и воедно зголемување на безбедноста на децата што се превезуваат во возилата, со поставување детско седиште и Директивата на Европскиот парламент и Советот бр. 2003/20/ЕЗ од 8 април 2003 година, како дополнување на Директивата на Советот бр. 91/671/ЕЕЗ за усогласување на законите на државите членки во врска со задолжителна употреба на сигурносните појаси во возилата со тежина до 3, 5 тони.
Извор: Нет Прес