Во продолжениот викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи, екипите на „Јавна хигиена“ и „Услужна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ беа максимално ангажирани со продолжено работно време и ангажираност на расположивата механизација и ресурси, информираат претпријатието.
„Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, а комуналниот отпад од контејнерите од одредени делови од градот се подигнуваа и до 5 пати во денот.“- додаваат оттаму.