Притворени прилепчанец и скопјанец кои продавале дрога на техно забави во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Нив одредена им е мерка притвор до 30 дена.

Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети „Екстази“, опојна дрога „Амфетамин“ и „Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид но и на други лица-туристи, а посебно на лица посетители на техно забави кои се одржуваат во Охрид.

На 31 јули оваа година, при претрес во изнајмена соба во Пештани, кај сега притворениот Г.С. во пластично кутивче пронајдени се 31 таблета Екстази од кој 30 со ознака „смајли“ со жолта боја и 1 таблета со натпис „HELLOKITTI“ со зелена боја, едно стаклено жише со натпис „ALMETEX“ во кој има шеснаесет таблети со портокалова боја, две најлонски паковки со бела боја со црна смолеста материја (највероватно опојна дрога „Хашиш“), повеќе најлонски кеси со траги од бела и кафеава прашкаста материја и други предмети.

На втори месецов, пријавениот Ф.Ј. на прозор од студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, оставил најлонска кеса со околу 50 таблети „Екстази“ со лого знак „мерцедес“. При претрес во соба што притворениот ја користел во домот, пронајдени се една најлонска паковка со бела прашкаста материја ставена во целофан и други предмети.

Пронајдените предмети се фотодокументирани и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.