Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ на „Охридско лето“

Целовечерен концерт на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова ќе се одржи вечерва во 21 часот, во црквата „Света Софија“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. На програмата ќе прозвучат дела од домашното и светско хорско творештво.

„Добра практика изминатите децении беше во рамките на фестивалската програма да има барем еден хорски концерт. И оваа година ваквата традиција ќе биде запазена, со настапот на женскиот хор „Св.Злата Мегленска“, на патрониот ден на Св. Климент Охридски, ќе исполни повеќе композиции од македонски и странски автори. Само уште да додадеме дека со своите досегашни дострели, со многубројните награди и признанија во земјава и во светот, со големиот број настапи во повеќе светски земји, женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ е гаранција дека и оваа концертна вечер во „Св. Софија“ ќе биде на високо уметничко и исполнителско ниво“ – вели селекторката Гордана Јосифова-Неделковска.

Овој хор­ски ан­самбл, кој по­стои 19 го­ди­ни, има по­ве­ќе од 670 на­ста­пи низ све­тот, а мно­гу од овие па­ту­ва­ња се овен­ча­ни со врв­ни приз­на­ни­ја – до­каз за по­све­те­но­ста и ен­ту­зи­јаз­мот на не­го­ви­те чле­но­ви. Хо­рот до­се­га има осво­е­но вкуп­но 27 на­гра­ди во по­ве­ќе ка­те­го­рии, и тоа: че­ти­ри гран-при, еди­на­е­сет зла­та, осум сре­бра, три брон­зи, ка­ко и го­лем број приз­на­ни­ја. Се­пак, ми­на­та­та го­ди­на за хо­рот „Св. Зла­та Мег­лен­ска“ бе­ше нај­ус­пеш­на од не­го­во­то по­сто­е­ње. Бе­ше единс­тве­ни­от прет­став­ник што ги бра­не­ше бо­и­те на Ма­ке­до­ни­ја на нај­го­ле­мо­то хор­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње – Свет­ски­те хор­ски игри, што ла­ни се одр­жаа во Ле­то­ни­ја, а до­ма се вра­ти со два злат­ни и еден сре­брен олим­пи­ски ме­далји.