Во јуни зголемување на индексот на цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули годинава, во споредба со јуни годинава, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2015 година, во однос на истиот месец од претходнатагодина, е зголемен за 0.1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.3%.