Жена погодена со куршум додека си седела во дворот

Синоќа во 22.30 часот во с.Лабуништа-Струга во дворот од семејната куќа С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје, се пожалила на болка во главата, бидејќи нешто силно ја удрило. Кога истата се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена.

На истата и е укажана лекарска помош во МЦ-Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-НККР-Струга.