Кузески: Една фонтана кај некогашниот минимаркет се гради повеќе од 8 месеци и никако да се заврши

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакарачески за цели 28 месеци не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид. Сите таканаречени приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните, и по 2 и пол години не се реализирани, рече на денешната прес-конференција секретарот и портпарол на ОО СДСМ Охрид Александар Кузески.

„Тоа јасно ја покажува неспособноста и неподготвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид којашто не може да ги исполни барањата и не може да одговори на потребите на охриѓани

Изградбата на пазарот, автобуската станица и покриениот базен се‘ уште се само во некаква почетна фаза која никако да започне.

Градското пристаниште, катните гаражи, марината и зимскиот центар на Галичица веќе целосно се заборавени. За ветените луксузни хотели на охридското крајбрежје најверојатно ВМРО-ДПМНЕ се уште го чека нивниот близок пријател Субрата Рој кој има сериозни проблеми со индиските судови и затвори.

Дури ниту помали проекти Локалната власт не може да реализира.“- истакна Кузески.

Како што рече Кузески, една фонтана кај некогашниот минимаркет се гради повеќе од 8 месеци и никако да се заврши.

„На граѓаните уште минатата година им беше ветено дека фонтаната на плоштадот свечено ќе биде пуштен во употреба за Водици, а оттогаш поминаа 7 месеци. Единствено, градските власти заборавија да им кажат на граѓаните за кои Водици планираат да ја завршат фонтата – годинава или догодина. Кој знае за колку сложен архитектонски и градежен зафат се работи, кога за една пригодна чешма им треба толку време. Почитувани граѓани, тоа се реалните, очајни и поразителни состојби во Охрид под власта на ВМРО-ДПМНЕ.“- истакна Кузески.

Кузески додаде дека граѓаните на Охрид се сведоци на неисполнетите ветувања, потполно свесни за криминалниот начин на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Револтот кај граѓаните од неисполнетите ветувања расте, а популизмот, манипулациите и лагите на партијата на власт веќе не поминуваат кај народот, додаде Кузески.

MiniMarketPressSDSM