Железничката станица во Прилеп заедно со Железничката во Скопје ќе бидат целосно обновени до крајот на годинава, најави премиерот Никола Груевски.
„Во моментов се реконструира и Железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие недели ќе почнат да се реконструираат и треба да бидат готови до 2016 година“, изјави Груевски.
Премиерот е задоволен како се одвиваат работите околу реконструкцијата на станицата која е дел од големата инвестиција од 2,5 милиони евра за реновирање на речиси сите железнички станици на коридорот 10.
„Сите овие железнички станици воопшто не се обновувани откако се градени. Конкретно, прилепската станица датира од 1931 година и ова е прва нејзина темелна реконструкција. Добро е да се заврши една таква темелна реконструкција на железничките станици,“ рече Груевски.
Во тек е и набавката на нови композиции и вагони за патничкиот сообраќај, а веќе се набавени и 150 вагони за товарниот сообраќај.
„Реконструкцијата на пругата на Коридорот 10 е во длабока и завршна фаза. Патничките вагони треба да стигнат до јануари наредната година. Со овие зафати во трите клучни сегменти во железничкиот сообраќај, граѓаните повеќе ќе го користат и ќе патуваат поудобно. Железничкиот сообраќај е исклучително значаен и за нашите граѓани и за оние кои транзитираат низ Македонија,“ нагласи премиерот Никола Груевски.