Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид, можни сторители на делото.
Кривичното дело насилство, пријавените малолетници го сториле на 31 минатиот месец околу 23 часот и 30 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Тие влегле во двор од семејна куќа и со метална палка на расклопување нападнале друго малолетно лице кое во дворот било со уште неколку малолетници. Него му задале повеќе удари по телото со што телесно го повредиле и ја загрозиле неговата сигурност.
Истовремено, вршејќи грубо насилство, пријавените деца во ризик-двајца родени 1999 а еден во 2000-та година, сите од Охрид, предизвикале загрозување, страв и несигурност и кај останатите малолетници кои биле во дворот од куќата. Металната палка што ја имале, подоцна ја закопале во земја на нивата сопственост на родителот на еден од пријавените.
По консултација со јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи, СВР Охрид ги повика малолетните лица и во присуство на нивните родители изврши разговор во врска со казненото дело. Употребената метална палка е пронајдена и одземена.