Загина работник во близина на кичевското село Бачишта

Едно лице го загуби животот во несреќен случај при изведување градежни работи денес во близина на кичевското село Бачишта. Во општата болница во Кичево, од здобиените повреди, Башким Д. (24) од тетовското село Челопек им подлегна на повредите здобиени од удар на стебло кое било префрлано со градежна машина „Багер“. Настанот се случил при изведување на градежни зафати вршени од градежната компанија „Перпарими“ од Челопек за изградба на мини хидроцентрала. Со телесни повреди се здобил Р.И. (50) од тетовското село Челопек кој е испратен во медицинскиот центар во Тетово на натамошно лекување.

На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител, трудова инспекција од областа на безбедност и заштита при работа и работни односи како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.

По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.

Полициската станица од Кичево, презема дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот по што, против лицето кое ја управувал градежната машина ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.