Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до претседателот на Народна Република Кина, Си Џипинг, за загубените животи при големата несреќа во градот Тианјин.
„Почитуван господине Претседател,
Со жалење ја примив веста за несреќата во градот Тианјин, и искрено жалам за загубените животи од овој немил настан.
Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство.
Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.“