Расте бројот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2015 година изнесува 71 384, а бројот на ноќевањата изнесува 174 785. 

Бројот на туристите во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 1.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.3%.

Бројот на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е намален за 2.5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 10.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1.8%.

Во периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.9%, а кај странските има зголемување за 11.6%.

Во периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.5%, а кај странските има зголемување за 6.9%.