Авионско запрашување против комарци – пчеларите да ги заштитат пчелите

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека на 20-ти август (четврток) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци.

Авионската адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот.

На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река.

Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Даљан.

На територијата на општина Дебрца ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска, како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231.