Изминативе три дена издадени 3.694 потврди на странски државјани

Во периодот од 08,00 часот на 14.08.2015 до 17.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што три барања се од државјани на Сирија и три барања од државјани на Авганистан и четири деца кои го придружуваат родителот.

Во периодот од 08,00 часот на 14.08.2015 до 17.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.694 странски државјани, од кои, 2.235 се од машки пол, 666 се од женски, 698 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 95 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.529, Ирак – 70, Палестина – 41, додека другите се во помал број

Во периодот од 19.06.2015 до 17.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 37.461 странски државјани, од кои, 25.784 се од машки пол, 5.227 се од женски, 5.949 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 501 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-30.090, потоа Авганистан-2.003, Ирак-1.815, Пакистан-1080, Сомалија-548, Палестина-548, Конго-299, Камерун-140, Еритреја-138, Нигерија-128, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 17.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 47 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 34 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 16.08.2015 година се евидентирани вкупно 15 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи ( 1 барател е со повреда), 1 барател на азил е жена, 3 баратели на азил се малолетни лица.

Инаку, на 16.08.2015 година околу 17,30 часот на ПС за ГП и ГН„Богородица“-железнички, регистриран е инцидент, кога од страна на поголема толпа мигранти бил нарушен ЈРМ со фрлање разни предмети (камења, шишиња, чевли) кон полициските службеници. Од страна на униформираните полициски службеници при воспоставување на ЈРМ приведени се лицата-мигранти M.Б.(1976), M.M.(1976) и M.A.(1971), сите од Сирија, кои се издвоиле како предизвикувачи.

Во текот на денешниов ден пријавена е и една железничка незгода. Имено околу 10.30 часот во населба Карпош – Куманово, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Куманово удрил во лице, најверојатно илегален мигрант. Истиот во критична состојба е префрлен во МЦ Куманово. Ќе се врши увид на местото на несреќата.