По повод 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ – Првата регуларна единица на Македонската Народноослободителна војска и Денот на Армијата на РМ, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца утре организира свечено одбележување на споменикот на Славеј Планина со почеток во 11:00 часот со следната:
П р о г р а м а
СЛАВЕЈ ПЛАНИНА, 11:00 часот:
– Полагање на свежо цвеќе пред споменикот.
– Поздравна реч на ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска.
– Пригодно обраќање за значењето на настанот, на претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.
СЕЛО ГОДИВЈЕ, 13:00 часот:
– Полагање на свежо цвеќе на спомен-плочата на паднатите борци
– Посета на спомен-собата од НОБ.
– Културно уметничка програма.